Уметност на хејтањето

И навреда, и разгледница

Успехот на електронските картички од типот на Wrongcards, кои содржат саркастични а понекогаш и навредливи пораки до оној кому му се упатени, може да се објасни со малиот злобник во секој од нас. Но ова е поинакво - молиш некого да те хејта. Ама со посебно изработена разгледница само за тебе.

Илустраторот г-дин Бинго една вечер пијан го пуштил следниов твит: „Ќе испратам поштенска картичка со навредлива порака на првиот што ќе ми одговори". Во првите пет минути одговориле 50 луѓе, очигледно расположени за малку хејт.Прв бил извесен Џонатан Хопкинс кој ја добил следнава порака "F*ck you Jonathan, f*ck you and f*ck your sh*t legs" (сфативте).

Во следните дванаесет месеци Бинго им испратил вакви картички на повеќе од 550 луѓе. Секоја негова фина, оригинална навреда, доаѓа со иста таква илустрација. Некои од пораките се навистина силни и во реалниот живот веројатно би довеле до тепачка, но кога се напишани на позадина од уметнички направена разгледница делуваат чудно шармантно.

На 6. јуни во Лондон се отвара изложба со 220 разгледници, а првите 60 посетители ќе добијат и сопствена персонализирана хејт разгледница.

Г-дин Бинго е успешен илустратор од источен Лондон кој соработува со Гардијан, Њујоркер и Џими Кар. Хафингтон пост го опишува како „Прекрасно навредлив". Избор од разгледниците е излезен и како книга. Повеќе за неговиот лик и дело тука.

27 мај 2013 - 11:09