Од живописните примери во видово најмногу ни оставија впечаток три - кинеското „зеленочајна кучка" за манипулативна и лицемерна девојка (што ли згрешил чајот?). „Човек што не излегува од дома", за веројатно глуп дечко. Или „меко јајце" за некој што не може да испие многу.
Има и други кои ни е малку незгодно да ги напишеме (исто како што на некои од соговорниците во клипот им е незгодно да ги изговорат), па погледнети си самите. При крај има интересен момент кога минувачи го критикуваат „информаторот" дека кажувајќи навреди си го претставува народот во лошо светло. Нешто слично веројатно би се случило и во Македонија.