Брус Спрингстин за новиот трибјут-албум посветен на Шејн Мекоуан, кој треба да излезе на 13 ноември, напишал придружен есеј во кој ја слави „живата, блескава и историски богата“ музика и поезија на Шејн Мекгоуан. Во својот текст тој го сместува Мекгоуан во традицијата на големи музички фигури како Вуди Гатри, Литл Ричард, Мајлс Дејвис, Елвис Присли, Арета Френклин и Џон Лајдон – уметници кои биле истовремено безвременски и силно поврзани со духот на своето време.
Како прва песна веќе е објавена новата верзија на „Дождлива ноќ во Сохо“, што ја изведува токму Спрингстин.
Според него, ваквите творци често живееле бурни и сложени животи, бидејќи биле природни бунтовници кои не можеле да се вклопат во општествените конвенции. Тој пишува дека текстовите на Мекгоуан како за исклучително искрени, сурови и полни со живот, а него го го опишува како човек со „длабока човечност“, чија музика ги тера луѓето да се запрашаат дали навистина живеат автентично и искрено.
На новиот албум ќе учествуваат и други познати уметници, меѓу кои Том Вејтс и Стив Ерл, како и британските инди бендови Либертинс, Прајмал Скрим и Џизус енд Мери Чејн. Во проектот се вклучени и бројни ирски музичари од различни генерации, од Лиса О’Нил до Демиен Демпси, како и преживеаните членови на групата Поугс.
Албумот ќе содржи и неколку дуети. Ирскиот музичар Хозиер ќе настапи со актерката и пејачка Џеси Бакли, додека Џони Деп ќе сними песна со ирската пејачка Имелда Меј. Деталите за учеството на британската супермоделка Кејт Мос сè уште не се објавени, но таа и претходно се појавувала во музички проекти, соработувајќи со бендовите Прајмал Скрим, Бејбишемблс и Лемонхедс, како и со Оејзис.
Половина од авторските хонорари од албумот ќе бидат донирани на хуманитарната организација „Даблин Сајмон комјунити“, која работи со бездомното население во ирската престолнина.