Шкендија очигледно не ја признава Македонија како држава

А ќе дојде јули-август, па пак ќе се дурат како убаво го пречекале Милан или некој друг гигант и тоа благодарение на учеството во македонската лига која е полноправна членка на УЕФА и ФИФА.

Во македонскиот фудбал сме виделе речиси сè, но таква бахатост и самоволие како што презентираат од редовите на тетовскиот клуб Шкендија, не.

Минатиот викенд, поточно во неделата Шкендија и повеќе од заслужено ја освои шампионската титула во македонската прва лига. Играа најдобар фудбал, дадоа најмногу голови и го победуваа главниот ривал Вардар во неколку прилики.

Но сè ова останува во сенка на екстремните испади на албански национализам. Упадлив албански национализам.

Шкендија во неделата убедливо го победи Пелистер на меч на кој изобилуваше албаноманија - секој присутен на стадионот доби знаменце на Албанија небаре мечот не се игра во Македонија. На трибините стандарден декор и репертоар на песни - „Македонско девојче курва голема“ или „Каурски пички“.

А сево ова со официјален амин на кровната фудбалска организација ФФМ која што се однесува по народната „ќути си, трај си, ќе помине“.

Секој шампион на државава го прима пехарот пред пиедестал на кој пишува „Победници на македонската Прва лига“. Но луѓето од Шкендија одбиле да го сторат тоа и решиле да стават свој натпис "Champions" со логото на клубот и нивниот спонзор, компанијата „Еколог“, пишува Sport1.mk.

Иако во допис со ФФМ, Тетовци гарантирале дека нема да има проблеми, на „Градскиот“ стадион во Тетово не беше баш така.

Наместо пехарот да го додели највисокото раководство на ФФМ (они си знаат зошто не биле), трофејот на газдата на Шкендија Лазим Дестани му го врачиле Енвер Сулејмани, заменик-генерален секретар во ФФМ и Саљим Абдиљи член на УО на ФФМ кој доаѓа од Липково.

Официјалниот спикер на стадионот се занел во еуфоријата па си цепал на албански јазик без да забележи дека слават титула во македонско првенство. Оттука, прашањето кое само се наметнува е до кога ќе трае самоволието на тетовскиот прволигаш кој очигледно не ја есапи македонската државност.

Ова не е првпат фудбалерите и управата на Шкендија да се однесуваат вака. По завршувањето на еден натпревар со Вардар во Скопје тие ја демолираа гостинската соблекувална и пееја навредливи песни на сметка на скопскиот клуб. Профилите на социјалните мрежи на Шкендија се исклучиво на албански јазик и никаде нема ниту збор на македонски. Таков им е и официјалниот сајт на кој освен албанска има само англиска верзија.

Утре вечер од 20 часот во Струмица ќе се игра финалето на македонскиот Куп меѓу Шкендија и Пелистер. Останува да видиме сега што ќе приредат луѓето од тетовскиот клуб. Битолски „Чкембари“ се во бојкот поради несогласувања со управата и нема да патуваат во Струмица.

Фото: Sport1.mk

ПРВИ СМЕ ЗА ПОМОШ АКО ОВК ПОВИКА

КОНТРОВЕРЗНОТО ВИДЕО ПРЕД МИЛАН