Интервју со навивачи на Шкендија за Газета дело Спорт

„Први сме за помош ако ОВК повика“

Газета Дело Спорт објави многу контроверзно интервју со членови на навивачката група на Шкендија кои отворено зборуваат против Македонија и Македонците. Просто, тие луѓе се горди на својата омраза. И веруваат дека Вардарци не можат да спијат од СТРАВ кога ќе слушнат за нивното име. Бре, бре.

„Начинот на кои навивачите на Шкендија, во глобала мирољубиви, сакаа да ја прикажат својата кауза, нè натера да поразговараме со некои од нивните водачи. И излезе прекрасно интервју.“, пишува во воведот младиот новинар на Газета Дело Спорт, Микеланџело Фреда, кому соговорниците успеале да му подвалат и непостоечки пописни бројки и прикаски за Диво насеље (дошле во Македонија за да им се прости ама биле нападнати па избегале во Куманово) како и историски фалсфикати (за името на својата група му објаснуваат дека идеалот им е анти-комунистичка организација, без да спомнат дека Бали Комбтар редовно ја има на листите на соработници со нацистите во Втората светска војна).

Во воведот авторот пишува дека Балканот отсекогаш биле камен на сопнување за европската геополитика, во комуникацијата меѓу Истокот и Западот. Вели: „Балканот отсекогаш бил територија која што носела грижи за Средна Европа, прво со Муслиманите кои чукаа на портите на Виена, потоа со Југославија на Тито па со последните крвави војни во ’90-те години.

Во однос на Шкендија, во воведот, авторот вели дека доаѓа од Тетово, град на северо-западот од Македонија, на една круцијална геополитичка точка на Балканот. „Градот се наоѓа на тромеѓе меѓу Македонија, Косово и Албанија и се смета за главен град на албанското малцинство во македонската држава (според авторот 25% од вкупното население).

ИНТЕРВЈУТО ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ, БЕЗ ИЗМЕНИ ИЛИ КОРЕКЦИИ:

Ја прочитав историјата на клубот. Шкендија отсекогаш имала силна врска со Албанија. Прочитав дека еден ваш член, Исмаил ’Балистот’ Морина е уапсен во Хрватска и го чека екстрадиција кај српските власти за случајот ’Дрон’ на мечот Србија - Албанија.

Што мислите во врска со екстрадицијата? Каков е вашиот однос со македонската јавност?

„Шкендија е албански клуб и ние секогаш имаме почит за Албанија и Косово. Исмаил „Балистот“ Морина е од Куке, Албанија - а начинот на кој албанската влада се постави кон него е комплетна катастрофа. Бесни сме поради тоа но не може да сториме ништо додека е во Хрватска. Ако заврши во Србија нема да биде добро за никој.

Немаме никаков однос со јавноста во Македонија, ги мразиме од дното и им посакуваме сè најлошо како што и тие ни посакуваат нас.“

Што претставува Шкендија за вас? Не е само една обична екипа...

„За нас КФ Шкендија е сè. Воздух и храна. За Шкендија сме подготвени да одиме в затвор, дури и да загинеме. Таа ни дала повеќе радост од било што друго во Илирида (Македонија). Ако некогаш дојдете во Тетово за да го гледате нашиот меч со ривалот Вардар, ќе видите што значи Шкендија за нас. Има старци по 60/70/80 години кои плачат кога победуваме и деца кои растат со желбата да играат за Шкендија.“

Името Балиштет од каде доаѓа? Што има зад него?

„КФ Шкендија е основана во 1979 година за да ги претставува Албанците во Југославија а потоа и во Македонија. Името Балиштет доаѓа од ‘Balli Kombetar’ кои биле борци познати како Балисти. Ова било движење за опстанок на Албанците, анти-комунистичко движење а како политичка организација е родена во 1942 година.

Мотото на Бали Комбтар било: „Албанија на Албанците, смрт за предавниците“. Нашата група беше основана во 1992 година од неколку навивачи кои ден-денес одат на дуелите на Шкендија како дома така и гости, но групата сега стана повеќе како една фамилија која заедно одлучува за секоја работа. Растеме од година в година, никој и ништо не може да не задржи.“

Вардар, вашиот ривал ги има истите бои и го користи кириличното В во името. Од каде ривалството со нив?

„За нив сме ’СТРАВ’: секој пат кога ќе слушнат ’Балисти’ не спијат со денови. Македонци се поддржани и од македонската влада - се мразиме неверојатно“.

Како ќе го пречекате Милан во вашиот дом, Еколог Арената?

„Еколог Арената не е уште спремна. Ќе биде за 2-3 години. Со Милан ќе играме во Скопје на ’Телеком Арената’. Сè ќе биде добро со Милан, нема никаков проблем. Милан беше прекрасен со нас.“

Во однос на терористичките напади во Кумановското ’Диво Насеље’ 2015-та година, каква е вашата позиција во однос на УЧК?

„Куманово беше една мошне интелигентна шема за да се заврши со сите останати борци во Македонија. Тие храбри луѓе убиени дента во Куманово ги бараше македонската Влада поради војната во 2001 година - им беше кажано да дојдат во Македонија и дека се ќе биде заборавено за да се живее нормален живот. Само што ја минале границата, беа нападнати од македонската војска па избегале во Куманово. Нашите навивачи соработува со УЧК за време на војната во Косово во 1998-1999 и војната во Македонија во 2001. Денес немаме никаков однос со нив, но во случај да притреба помош, ќе бидеме први кои ќе одат.“

Реванш мечот од баражот за Лига Европа, Шкендија - Милан се игра во четврток од 20:45 часот.