Човекот што продава камери за сечиј дом, изјави дека не сака да има камера во сечиј дом

Повторно кружејќи околу Фејсбук и приватноста на корисниците, Закерберг се напенали кога фати да објаснува дека постојаното пазење на корисниците на крај може да изгледа како Фејсбук да има камера во сечија дневна. Исто така, Фејсбук Портал за 199 долари.

Во разговор со професор од Харвард, Марк Закерберг се пофали како компанијата интуитивно, сама од себе, ја пази приватноста на корисниците, притоа крајно трудејќи се да создадат алатки кои ќе им служат на истите корисници.

Наведувајќи пример тој објасни дека Фејсбук никогаш не ни помислил да чепка во пораките на корисниците бидејќи „пораките се како дневната соба на луѓето, а ние дефинитивно не сакаме општество во кое има камера во сечија дневна соба.“

На ова, професорот по право на Харвард, Џонатан Зитриан, го потсети дека Закерберг дека Фејсбук буквално продава нов уред, Портал, кој е камера поврзана на интернет и наменета за дневните соби на луѓето.

Објаснувањето на Закерберг беше дека тоа не е исто бидејќи уредот користел енкрипција.

Кирен Меккарти од Реџистер прашува „да не е Закерберг комплетно несвесен за постапките на својата компанија и како луѓето се чувствуваат околу тоа?“

 

22 февруари 2019 - 13:40