Бројките се од извештајот од Протокол, за тоа колку пари потрошиле ЦЕО-та на Силициумската долина на обезбедување. Вкупната сума на ниво на технолошка индустрија изнесува 46 милиони долари од кои над половина се само од Закерберг.
Во 2019, за истата ставка Фејсбук имаше одвоено 20,4 милиони долари.
Наводно разликата од 3 милиони долари се должи на воведување протоколи поврзани со ковид-19 и ангажирање на дополнително обезбедување за време на претседателските избори во САД.
За претпазливоста на Фејсбук околу обезбедувањето на своите директори, зборува и тоа што ЦОО-то на компанијата, Шерил Сандберг, е втора на листата со 7,6 милиони долари издвоени за обезбедување.
За споредба, најбогатиот човек на светот, Џеф Безос платил 1,6 милиони долари за лично обезбедување, а последен на листата со 11 луѓе е Тим Кук од Епл со 470.000 долари.