Фејсбук јули го почна со казна од 5 милијарди долари околу прекршување на приватноста, па по некој ден му накалемија уште 100 милиони долари по иста основа, за на крај месецот да го заврши со над очекуваните 16,9 милијарди долари што подразбираше раст на цената на акциите.
Вака баснословните резултати не резултираа со нешто посебно радост и возбуда во Фејсбук, и тоа не затоа што се навикнати редовно да заработуваат вакви пари, или затоа што Закерберг е мргуд, туку затоа што со почетокот на кампањата на демократите за избор претседателски кандидат, почнаа да се промовираат и најразличните планови за растурање (и вариации на тема) на компанијата. Бонус на ова, и плановите за уште поголемо богатење преку криптовалутата Либра, речиси глобално им беа оспорени.
Аудиото до кое доаѓа Верџ е токму од јули, од два состаноци на кои Закерберг и другите разговараат на овие теми.
Закерберг за потенцијалното растурање на Фејсбук:
- Имаш некој како Елизабет Ворен кој смета дека вистинското решение е растурање на компании... ако таа биде избрана за претседател, тогаш се кладам дека ќе имаме правен предизвик, и се кладам дека ќе го добиеме тој правен предизвик. И дали тоа и понатаму е лошо за нас? Да. Не сакам да ја дадеме нашата влада на суд... Ама еј, на крајот од денот, ако некој се заканува за нешто што е така егзистенцијално, мора да влезеш во ринг и да се бориш.
Закерберг за тоа како технолошката индустрија може да ги реши проблемите:
- Самото растурање на овие компании, без разлика дали е Фејсбук или Гугл или Амазон, нема да ги реши проблемите. И тоа нема ништо повеќе да го отежне мешањето во изборите. Туку ќе го направи поверојатно бидејќи тогаш компаниите нема да можат да се координираат и да работат заедно.
И зошто Твитер не може да се справи со проблемите:
- Затоа Твитер не ја врши таа работа толку добро како нас. Тие се соочуваат, квалитативно, со истиот тип на проблеми како ние. Ама тие не можат да инвестираат доволно пари во решавање. Нашата инвестиција во безбедност е поголема отколку целиот приход на нивната компанија.
Меѓу другите работи:
- Закерберг не планира да оди низ свет на сите сослушување на кои ќе го повикаат. Бил во САД и во ЕУ и тоа е доста.
- Проблемот со Либра е како во јавноста се разговара за нејзе, додека на приватните состаноци со законодавците низ светот, работите се далеку помалку драматични.
Целиот транскрипт од состаноците, тука