1 во 45.000

Толку изнесувал ризикот од  смртен исход од коронавирусот пред вакцините. Не кај младите, не кај оние до 20 или до 30 години, туку за сите на возраст до 50 години. Еден во четириесет и пет илјади.  „Зарем не ви е драго што цел свет се испозаклучивме толку време?“, иронично прашува Алекс Беренсон пренесувајќи резултати од една сериозна холандска студија. 

Уште од почетокот на епидемијата се знаеше дека младите се соочуваат со помал ризик од постарите. Холандски истражувачи сега изготвија  студија која во бројки конечно покажува колкав бил ризикот за смртен исход од корона вирусот. Користејќи податоци од националниот регистар, покажуваат дека дури и кај луѓето во своите триесетти и четириесетти години, ризикот за смртност е речиси пренизок за да се измери. 

Истражувачите ги споредиле бројот на заразени во Холандија во неколку наврати во 2020-та и 2021-ва со вкупниот број на „вишок смрт“. Претпоставиле дека сите такви случаи се резултат на вирусот, што веројатно не ја покажува вистинската слика, затоа што меѓу нив сигурно има и такви што се резултат на предозирање, самоубиство, срцев-удар итн.

Сепак, ова не ја менува големата слика и фактот дека во 2020-та, во Холандија општата смртноста од ковид изнесувала само 1 процент.

„Друго важно што направиле истражувачите, е она што не го направија владите и ковид хистериците, да ги поделат смртните случаи според возрасни групи. Пронајдоците се... просветлувачки“, пишува Беренсон.

Графиконот го прикажува бројот на инфицирани, хоспитализирани и починати при вториот бран во Холандија, секвенца која веројатно ја дава највистинската слика околу смртноста од вирусот. Тоа е периодот меѓу првиот бран и пронаоѓањето на вакцините во 2021-ва (гледајте ја крајната десна колона). 

Истражувачите морале да ги комбинираат смртните случаи под 50 години, затоа што ги имало малку. Тие процениле дека од 10,5 милиони луѓе помлади од 50 години во Холандија вкупно умреле 24 луѓе во втората половина од 2020-та.

10,5 милиони луѓе, 24 мртви. 

Од податоците се гледа дека 1,06 милиони луѓе под 50 години биле инфицирани во тој период. Под претпоставка дека сите 24 смртни исходи биле поврзани со коронавирусот, стапката на смртност за лица помлади од 50 години изнесува 0,002 проценти - 1 во 45.000.

Други истражувања покажаа дека мнозинството од луѓето под 50 години кои починаа од ковид имале два или повеќе здравствени проблеми, како дијабетес па дури и рак. За секој помлад од 50 години што немал тешки здравствени проблеми, ризикот да умре од ковид е речиси пренизок за да може прецизно да се измери.

Дури и за луѓе во своите педесетти, ако ги изземат коморбидитетите, шансите за смртен исход биле 1 во 1.000. За старите, бројките се сосема поинакви. Вирусот убил 36% од заразените над 80 години - значи еден од тројца.

Ништо во оваа студија не треба да биде изненадување за секој кој следеше што се случува последните три години. Сепак, корисно е ова  висококвалитетно истражување од земја која тешко може да се обвини дека ги минимизира ризиците од ковид. Холандија постојано беше под карантини, некои од нив максимално строги. 

„Дали некој од власта некогаш ќе го признае - или можеби извини за - фактот дека 2020 година беше една долга вежба за жртвување на младите за да се спасат старите?“, прашува Беренсон.

 

17 февруари 2023 - 13:41