Дезинформација бр. 1: Природниот имунитет нуди мала заштита во споредба со имунитетот од вакцини
Студија на Лансет прегледува 65 големи студии од 19 држави на тема природен имунитет. Заклучокот е дека природниот имунитет во најлош случај бил ефикасен колку и првата серија на ковид вакцина.
Претходно истото ова го покажуваат 160 студии чии заклучоци се сметаа за нарушување на политиката на Фејсбук за дезинформации.
„Уште од Атинската чума во 430-та година п.н.е. е познато дека оние кои оздравеле откако биле заразени биле заштитени од повторно сериозно заболување. Тоа исто така е заклучокот на речиси секој лекар во првите 18 месеци од пандемијата,“ пишува Њујорк пост.
Тие потсетуваат дека најголемиот број од Американците кои биле отпуштени затоа што не биле вакцинирани веќе имале антитела кои се справуваат со вирусот, ама „тоа биле антитела кои владата не ги признавала“.
Дезинформација бр. 2: Маските спречуваат пренесување на ковид
Тим од Оксфорд минатиот месец објави дека маските немале никакво значително влијание на спречување на пренесувањето на ковид, според нивно истражување направено по стандардите на Кохран ривју.
„Кога целата енергија на здравствените власти насочена кон ставање маски на дечиња би била искористена кон намалување на детската гојазност со поттикнување на активности надвор од домот, на сите би ни било подобро,“ порачуваа од Пост.
Дезинформација бр. 3: Затворањето на училиштата го намалува пренесувањето на ковид
САД ги затворија сите училишта, во Европа голем дел останаа отворени, студии од Шпанија и Шведска покажаа дека стапката на пренесување болести не била нешто посебно различна.
Дезинформација бр. 4: Миокардитисот од вакцините е многу поредок отколку од ковид
Алармирањето околу проблемите со миокардитис (срцево воспаление) предизвикани од примање на вакцината против ковид, здравствените функционери и нивните експерти го отфрлаа по основа дека студиите што го тврдат тоа се лошо осмислени и изработени.
Сега има изобилие на добро изработени и спроведени студии од кои се знае дека миокардитисот шест до 28 пати е почест по ковид вакцина отколку по прележување на болеста кај лицата меѓу 16 и 24 години.
Претпоставката е дека десетици илјади деца најверојатно имаат миокардитис, за кој се уште нема клиничка слика, од ковид вакцина која и онака не им беше потребна бидејќи биле здрави или веќе имале прележано ковид.
Дезинформација бр. 5: Младите имаат корист од бустер
Иако бустерите ја намалуваат хоспитализацијата кај постари Американци со висок ризик, никогаш немало докази дека тие ја намалуваат смртноста од Ковид кај млади здрави луѓе. Според Пост ова е и причината зошто ЦДЦ никогаш не ги објави податоците од стапката на хоспитализација кај Американците под 50 години што примиле бустер, додека бројките за групата над 50 години беа објавени.
Притисокот од Белата куќа на оваа тема беше толку голем, што врвните двајца експерти за вакцини на ФДА ја напуштија агенцијата во знак на протест. На заминување тие објавија статии дека податоците што ги имаат не го поддржуваат давањето бустери кај млади лица.
Дезинформација бр. 6: Задолжителното вакцинирање ја зголеми стапката на вакцинација
Администрацијата на Бајден бараше сите невакцинирани работници без разлика на ризикот во кој се наоѓаат и природниот имунитет да бидат отпуштени од работа. Тие бараа војници да бидат ослободени од должноста без никакви почести, а медицински сестри се отпуштаа сред криза со персонал. Задолжителното вакцинирање се базираше на теоријата дека вакцинацијата ја намалува стапката на пренесување на болеста што се покажа како неточна. Дури и по општото признавање дека вакцинацијата не го намалува пренесувањето на болеста, Белата куќа и понатаму продолжи да инсистира на задолжително вакцинирање, до ден денес.
Дезинформација 7: Тврдењето дека ковид потекнува од лабораторијата во Вухан е теорија на заговор
Ентони Фаучи уште во јануари 2020 имал состанок со двајца проминентни виролози, кои му пренесуваат дека според нив вирусот веројатно е манипулиран во лабораторија. Истите овие двајца по кратко време го менуваат овој став. Подоцна излегува информацијата дека двајцата виролози добиле речиси 9 милиони долари од агенцијата на Фаучи.
Деновиве американското министерство за енергетика беше првата американска институција која официјално објави дека верува дека вирусот најверојатно потекнува од лабораторија.
Дезинформација бр. 8: Важно е втората доза од вакцината да се добие во рок од 3 до 4 недели по првата доза
Уште пролетта 2021, неколку месеци по почетокот на глобалното масовно вакцинирање, податоците јасно покажаа дека зголемувањето на периодот меѓу првите две дози на три месеци, ја намалува стапката на компликации и го зголемува имунитетот.
Дезинформација бр. 9: Податоците за двовалентните вакцини се „кристално јасни“
Др. Ашиш Џа, кој работеше како координатор на Белата куќа за ковид, го изјави ова и покрај тоа што двовалентната вакцина е одобрена врз основа на податоци од тестови на осум глувци. До сега, никогаш немало рандомизирани контролирани тестови на двовалентната вакцина.
Дезинформација бр. 10: секој петти човек добива долг ковид
ЦДЦ тврди дека 20% од заразените со ковид може да завршат со долг ковид. Британска студија открива дека само 3% од пациентите имаат преостанати симптоми кои траат 12 недели.
„Често пати нормално е да се искуси блага замореност или слабост со недели откако си бил заразен и не си бил активен и не си јадел добро. Ова да се нарече долг ковид е медикализирање на обичниот живот.
Она што е најзачудувачки околу сите дезинформации препратени од ЦДЦ и здравствените функционери е што нема никакво извинување за тоа што толку време се држеа до своите препораки, многу откако стана јасно дека податоците се целосно погрешни.
Здравствените функционери велеа 'морате' кога правилниот одговор требаше да биде 'не сме сигурни'.
На почетокот, кога немаше издржани податоци, функционерите избраа да се однесуваат како строги родители. Денес, тие ги отфрлаат и се прават дека не постојат планини на силни студии кои покажуваат дека не биле во право.
Најмалку, ЦДЦ треба да ги признае грешките, а ФДА треба да додаде предупредување на ковид вакцините во кои јасно ќе го наведат тоа што сега се знае,“ пишува Пост.