Знаеш дека човекот кажал нешто точно кога насловите се вакви

Вуди Харелсон беше неделниот гостин на СНЛ и по воведниот (комичен) монолог веднаш се најде на повеќе насловни страни на американски медиуми, главно за делот во кој зборуваше за сценарио на филм што му текнало кога бил надуван.


Еве што ја предизвика паниката:

„Вака оди филмот: најголемите нарко-картели на светот се здружуваат, ги купуваат сите медиуми и политичари и ги присилуваат сите луѓе на светот заклучени да седат дома, a луѓето можат да излезат само ако земат дрога од картелите, одновo и одново.... Не зезајте, кој ќе поверува во една ваква луда приказна?“

27 февруари 2023 - 09:46