Карантинот на 21.000.000 луѓе беше прогласен откако во средата беа регистрирани 157 нови случаи. На Ченгду отпаѓа 1,7% од БДП-то на Кина, и во него се сместени компании како Тојота, Фолксваген, Фокскон и Интел.
Масовното тестирање почна во четвртокот, а граѓаните мора да останат дома на неодреден период и можат да излезат само за вонредни ситуации, пример здравствени проблеми. Семејствата можат да пуштат само еден човек на ден до продавница, а градот може да се напушти само со негативен тест во изминатите 24 часа.
Паниката со шопинг на жителите на Ченгду се базира на тоа што го видоа во Шангај каде карантинот се задржа два месеца.