Иако уште од почетокот на пандемијата имаше сомневање и шпекулации дека ковид вирусот е намерно или не излегол од Институтот за вирологија во Вухан, овие тврдења масовно се сметаа за богохулие.
Тоа што сега го заклучува извештајот на Сенатот е дека има „одреден број аномалии“ во природното појавување на ковид-19 во споредба со други болести кои се пренеле од животни на луѓе, како Сарс и Мерс вирусите. Кај епидемијата на САРС во 2002, на научниците им требаше шест месеци за да откријат кој животински вид е одговорен за пандемијата.
Кандидатот за ковид-19 уште не е откриен.
„Речиси 3 години по почетокот на пандемијата на ковид-19, се уште не постојат критичните докази кои ќе го докажат појавувањето на Сарс-Ков-2, и последователната епидемија на ковид-19, дека е предизвикана од природно пренесување од животни на луѓе,“ се наведува во извештајот.
За комисијата исто така е невообичаено и тоа што ковид-19 само еднаш или два пати се има пренесено од животни на луѓе во период од две недели, и тоа само во Вухан или околните области.
Кај други слични болести, пренесувањето меѓу животни и луѓе се случува повеќе пати и на различни локации.
Главноосомничените лилјаци кои ја носат најблиската варијанта на ковид-19, живеат во јужна Кина и југоисточна Азија, па не е јасно како вирусот патувал повеќе од 1.600 километри за да стигне до Вухан.
Во исто време се знае дека Институтот од Вухан, имал собрано и чувал над 220 САРС коронавируси, од кои најмалку 100 никогаш не биле јавно објавени. Во извештајот се наведува и дека има фотографии од вработените на Институтот како работат со лилјаци во несоодветна опрема.
Исто така има и докази дека научници од Вухан „работеле на напредни истражувања на коронавируси“ со цел да предвидат и спречат идни пандемии. Во 2018 институтот има поднесено барање за работа на коронавируси за зголемување на нивната способност да заразат човечки клетки.
Комисијата нагласува и дека првите варијанти на ковид-19 веќе биле добро адаптирани за пренесување од човек на човек.
Авторите на извештајот порачуваат дека теоријата дека вирусот природно се појавил „повеќе не заслужува да биде разгледувана“ и дека многу поверојатно е дека тој е протечен од лабораторија.