Декласификуваниот извештај од истрагата на американската разузнавачка заедница покажува дека појавата на болеста кај тројца научници од лабораторијата во Вухан на крајот во 2019 ниту ја потврдува ниту ја негира теоријата дека ковид потекнува од лабораторија.
Поранешниот ЦЕО на Си-ен-ен, Џеф Закер, им наредил на вработените да не ја обработуваат теоријата за протекување на ковид од лабораторијата во Вухан, затоа што тоа бил еден од ставовите ширени од тогашниот американски претседател Доналд Трамп.
Извештајот од истрагата на комисијата на американскиот Сенат заклучува дека ковид-19 вирусот „е поверојатно, отколку што не е“ дека е протечен од лабораторија.
Документите не се протечени туку се добиени по основа на слободен пристап до информации, и откриваат детали за американското финансирање на експерименти со неколку видови на коронавируси во Институтот за вирологија во Вухан.
Постојат „значителни посредни докази“ дека епидемијата на ковид-19 потекнува од протекување од Институтот за вирологија во Вухан, тврдат Републиканците кои се во Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом на САД.
Најголемото олеснување што денес се чувствува е што може отворено да се зборува за потеклото на ковид-19 (дали е од лабораторија или од животно...) без притоа да звучиш како да го поддржуваш и цитираш Трамп. Кога СЗО тргна со истрагата во Вухан целта беше непогрешливо да се утврди потеклото. Целта, за сега, не е постигната.
Во неколку наврати американски дипломати ја посетуваат кинеската лабораторија во Вухан и по враќањето го алармираат Вашингтон на неадекватната безбедност во лабораторијата во која се спроведуваат ризични експерименти на коронавируси од лилјаци, објавува Вашингтон пост.