Откако тимот на СЗО ги објави првичните заклучоци од истрагата на лабораторијата во Вухан, која ја спроведоа заедно со екипа кинески научници, група научници од цел свет објави отворено писмо во кое бара спроведување на нова меѓународна истрага околу потеклото на вирусот.
Ставот на групата од 26 научници, меѓу кои дел ангажирани во СЗО, е дека „структурните ограничувања“ направиле „речиси невозможно“ за тимот на СЗО адекватно да ја истера истрагата. Меѓу другото, научниците ја доведуваат во прашање и независноста на научниците од „кинеските граѓани“ кои го сочинуваат половина од тимот.
Еден од потписниците е Џејми Мецл, кој е и главен автор на писмото, член на меѓународниот советодавен комитет на СЗО за модификување на човековиот геном, и го има водечкиот сајт на светот (по негови зборови) на тема потеклото на ковид-19.
Мецл тврди дека до сега сите докази што ги има собрано наведуваат на тоа дека вирусот потекнува од лабораторија, меѓутоа нема најдено никаков доказ „што ги поткрепува другите хипотези“ за потеклото на ковид-19, како таа дека прескокнал од животни на луѓе.
За потеклото на вирусот:
За оспорувањето на теоријата дека вирусот потекнува од лабораторија: