Во септември 2019, научниците во Лаос откриваат вирална нишка наречена Банал-52, која дели 96,8% од својот геном со Сарс-Ков-2, „што ги засилува тврдењата дека пандемијата е предизвикана од природно пренесување, наместо од протекување од лабораторија“.
Тоа што не е јасно е како вирусот од лилјаци од Лаос може да започне епидемија во Вухан, кој е оддалечен над 1.600 километри.
Оваа дупка во приказната ја пополнуваат мејлови разменети Екохелт алијансата и финансиерите од американската влада, кои покажуваат дека примероци собрани од лилјаци во Лаос се препратени на изучување во Институтот за вирологија во Вухан во периодот јуни 2017 - мај 2019.
Пред да биде пронајден Банал-52, најблизок роднина на ковид-19 беше откриен кај пештерски лилјаци во Јунан во Кина, каде Екохелт алијансата исто така бараше вируси и ги испраќаше во Вухан.
Генетските секвенци собрани во Јунан и Лаос беа чувани во он-лајн дата-базата на Институтот во Вухан, меѓутоа таа беше тргната од интернет во септември 2019.
„Имаме документ кој покажува дека Екохелт алијансата собирала примероци од лилјаци во Лаос.
Тие велат дека затоа што ќе биде комплицирано да се вратат и да побараат од американската влада дозвола за давање на грант на лабораторијата во Лаос, дека би преферирале да ги испратат овие примероци во лабораторија што би можела да ги анализира. Тоа би било во местото наречено Вухан.
Па болеста се случи во градот што ја има најголемата програма во светот за коронавируси што потекнуваат од лилјаци, чии научници беа на најмалку две места каде овие Сарс-Ков-2 вируси живеат,“ објаснува ко-авторот на Viral: The Search for the Origin of Covid-19, Вискаунт Ридли.