Се работи за последици од целосното фокусирање на европскиот здравствен систем на ковид, а не од самиот ковид. Процените се дека последиците од ова за цела деценија ќе го уназадат напредокот во борбата со рак.
Студијата е изработена од Комисијата за онкологија на Лансет и собира на едно место пациенти, научници и здравствени експерти од цела Европа.
„Нашата проценка е дека веројатно 1 милион дијагнози на рак се пропуштени низ Европа за време на пандемијата на ковид-19.
Постои се поголем број докази дека високиот број на пациенти дијагностицирани во подоцни фази на рак споредено со пред пандемијата е резултат на значителното одложување на дијагнозата и третманот на рак.
Ваквата промена ќе продолжи да врши притисок врз европските системи за борба со рак во претстојните години.
Овие проблеми на крај ќе го компромитираат преживувањето и ќе придонесат за полош квалитет на живот кај голем број европски пациенти со рак,“ пишува во текстот во Лансет онкологија.
Во првата година од пандемијата докторите имале и 1,5 милиони помалку пациенти со рак, а секој втор пациент дијагностициран со рак не добил на време хемотерапија или операција.