Таг: ковид-19

Ким им кажа „фала“ на докторите

Во мај годинава Северна Кореја за прв пат пријави случај на ковид-19 во земјата. Веќе сме август и Ким Џонг Ун излезе да прогласи победа, да каже дека го искорениле ковидот и да им се заблагодари на докторите.

Ковид-19 се повеќе труе на лабораториски експеримент

Џефри Сакс е првиот човек на комисијата на журналот Лансет за истражување на потеклото на ковид-19 и од таа позиција тој тврди дека е „уверен“ дека вирусот потекнува од лабораторија.

Северна Кореја липташе за јунаштвото на Ким Џонг Ун

Истовремено со сите глобални катастрофи што периодов се случуваат, во Северна Кореја се одвивала најважната човечка драма за земјата - Ким Јонг Ун фатил ковид. Без гајле, добар е, ама како што ќе соопшти сестра му, големиот лидер изгубил чувство за мирис и вкус, што посебно тешко им падна на севернокорејските министри и парламентарци.

Наставата што се изгуби во ковид е глобална катастрофа

Милиони деца низ светот кои во март 2020 беа попратени дома „за да ја израмниме кривата“ и „да го спречиме пикот“, се уште се немаат вратено во училница, и тоа е штета што цел свет ќе ја плаќа.

Што е сега итноста за вакцинирање мали деца против ковид?

Ковид во 2020 очигледно беше здравствена нужност за возрасни. Наспроти тоа, итноста денес многу наликува како да е политичка.

Шангај обраснат

Како дел од нула-ковид борбата 25-милионскиот Шангај е под целосен карантин од почетокот на април. Дозволен излез имаат само „клучните професии“, полиција, готвачи, медицинари и слично. Одржувачите на паркови не се меѓу клучните.

Од ковид се умрени 15 а не 6 милиони луѓе

Еден на 500 луѓе починале од ковид во првите две години од пандемијата покажуваат новите бројки на СЗО.

Тие барем имаат бројки

Британците знаат дека по две години карантини сега имаат криза на ментално здравје, деца што треба да го научат материјалот што го пропуштиле на училиште, 6 милиони луѓе со најразлични болести кои не добиле третман/терапија, пациенти со рак кои умреле за време на карантините и останати ставки на колективна штета предизвикана од мерките. Кај нас по две години карантини, да сме живи и здрави.

Кинезите не се до изнатестираа за ковид

После милијарда и кусур Кинези, на ред за тестирање во Кина дојдоа и крапови.

Во Шангај станува неподносливо напнато

Кина и понатаму инсистира на својата политика на „нула ковид“ па заради десетици случаи во градот, ги стави сите 25 милиони жители на Шангај во карантин, и како ретко кога во изминативе 2 години лошо го изменаџира целиот карантин и логистиката околу него. Посебно околу храната. Моментално во градот врие како во котел.

Шангај влезе во најголемиот карантин во Кина во последниве две години

Шангај до сега успеваше да ги смири потенцијалните жаришта на ковид-19 со локализирани карантини. Сега цел град од 26 милиони жители е ставен под клуч.

Дебатата за карантините изместена заради игнорирање неподобни научници

Твитер ордите направиле идејата за заштита на ранливите категории луѓе додека во меѓувреме се работи на постигнување природен имунитет на остатокот од населението, со тек на време да се претвори во неетична.

Бил Гејтс има една, да речеме, добра, и една многу полоша вест

Добрата е дека излезе дека ковид-19 благодарејќи на омикрон е на пат сам себе да се реши, лошата е дека очекува и бетер пандемии.

Борбата за поголема вакцинација ќе се води со помалку инфо за вакцинација

Здравствените власти во Шкотска ќе престанат со објавување бројки во кои умрените и хоспитализирани од ковид-19 се поделени по статус на вакцинација, затоа што податоците можело да бидат злоупотребени од поборниците против ковид вакцини.

Трудо против камионџиите го активираше законот за вонредни ситуации

Законот од 1980-те кој е наследник на многу постариот Закон за воени мерки ќе биде употребен за прв пат во историјата на Канада и тоа против луѓето кои со мирни блокади го изразуваат своето противење на владините ковид мерки.

Отава не ги дава камионџиите

Канадските камионџии дојдоа и од крајот на јануари ја имаат опседнато Отава (меѓу другите градови) во својата борба против задолжителното вакцинирање. Полицијата константно се труди да ги избрка камионџиите, локалци константно се трудат да ги поддржат камионџиите.

Колку сериозно ја сфаќаш пандемијата од 0 до Кина?

Пред некое време Кинезите спроведоа инстант-карантин и ги затворија во супермаркет сите потрошувачи што се најдоа таму откако еден од нив излезе дека е позитивен на тест. Во исто време дел од тамошните жители преземаат инвентивни мерки за спречување на ширењето на вирусот.