Научниците кои биле против или скептични околу мерките за затворање на цели држави станале „маргинални“ затоа што оние кои инсистирале на рестрикциите имале поголем број следбеници на социјалните мрежи, покажува студија од Станфорд.
Професорот Џон Јоанидис од Станфорд ја истражува експертизата на авторите што ја потпишале Големата барингтонска декларација (ГБД) и потписниците на Џон Сноу меморандумот (ЈСМ).
Првата се залага за тоа ранливите категории да бидат заштитени додека на остатокот од населението ќе му се дозволи да создаде имунитет а тоа да не биде на голем трошок на популацијата, образованието и јавното здравје.
Вторите, ЈСМ, се залагаат дека таква политика на групен имунитет е неетична.
Намерата на Јоанидис е да го преиспита „доминантниот наратив“ дека ГБД е став на малцинство меѓу експертите, и заклучува дека „Твитер арсеналот“ помогнал да се создаде таквото мислење.
Неговиот заклучок објавен во БМЈ (Британскиот медицински журнал) е дека и двете иницијативи се дело на многу влијателни експерти, меѓутоа авторите на ЈСМ имале поголема публика на социјалните мрежи заради што изгледало дека тие имаат поголема поддршка.
До ноември 2021, само 4 потписници на ГБД имале над 50.000 Твитер следбеници, споредено со 13 од оние од ЈСМ.
„И ГБД и ЈСМ вклучуваат голем број извонредни научници, меѓутоа ЈСМ имаат многу помоќно присуство на социјалните мрежи и ова може да го оформило впечатокот дека тоа е доминантниот наратив.
ГБД очигледно не е дело на маргинално малцинство споредено со ЈСМ, како што тоа голем број на социјалните мрежи и медиумите го алудираат.
Ако добро потковани научници имаат силно присуство на социјалните мрежи и масовно пренесуваат точна информација на своите следбеници, тоа може да биде крајно корисно.
И спротивно, ако самите научници се погодени од исти проблеми (дезинформација, анимозитет, губење пристојност) кога комуницираат на социјалните мрежи, тогаш последиците може да бидат негативни,“ објаснува авторот.
Јоанидис потврдува дека потписниците на ЈСМ придонеле кон озогласување на авторите на ГБД преку нивните твитови и едиторијали.