Се работи за далеку повисоки бројки од официјалните статистики што беа објавени во 2020 и 2021, и тие вклучуваат бројки директно предизвикани од ковид или индиректно од проблеми со пандемијата.
Новата бројка е повеќе од 2 пати поголема од досегашните официјални 6,2 милиони луѓе починати од ковид.
Статистиките се откриени со пресметување на разликата меѓу сите смртни случаи што се случиле и оние што би се очекувале во нормални услови. Повеќе од една третина од дополнителните 9 милиони смртни случи се проценува дека се од Индија, која ги оспорува новите бројки на СЗО. Според владата на Моди, во земјата има 523.900 починати од ковид-19.
Од овие 15 милиони, 9,5 се проценува дека се директно од ковид, а на вкупно десет држави (меѓу кои Бразил, Индија, Русија и САД), отпаѓаат околу 68% од вишокот смртни случаи. Околу 70 држави не ја запишуваат причината за смрт меѓу нивното население.
На мажите отпаднале 57% од сите смртни случаи, а најмногу починати имало кај популацијата над 60 години.
Ковид ја мина туберкулоза како заразна болест со најголем број заразни болести во светот, од која во 2020 се починати 1,5 милиони луѓе. Сезонскиот грип според СЗО годишно убива меѓу 290 и 650 илјади луѓе.