Промената на политиката ќе опфати ревизија на „фреквенцијата и содржината на податоците што се објавуваат“. Сега властите ќе се фокусираат на објавување „поробусни и комплексни податоци околу ефикасноста на вакцината“.
Овонеделниот извештај ќе биде последен што ќе вклучува стапка на заразени меѓу вакцинираните и невакцинираните жители на Шкотска. Извештајот стандардно вклучуваше стапка на хоспитализација и смрт, поделена по број на примени дози вакцина.
Објаснувањето на властите е дека вака сведените бројки не се доволно обемни и се оставени отворени за погрешни толкување без контекст.
„Податоците што се користат за невакцинираното население се базираат на бројките од матичните доктори, што значи дека ги вклучуваат луѓето што се регистрирани меѓутоа не живеат во Шкотска.
Како што бројот на вакцинирани расте, оваа грешка во бројките станува се понагласена бидејќи вистинскиот број на невакцинирани е далеку помал од бројот што се користи,“ објаснуваат надлежните шкотски власти.
Од шкотското јавно здравство појаснуваат дека постои и базична разлика меѓу статистиките од реалниот свет и студиите за ефикасност на вакцините. Првите се едноставно запишување бројки во колони, вторите се базираат на модели „во кои се споредуваат луѓето што имале негативни тестови со оние што имале позитивни тестови и тие се споредуваат по основа на нивните ко-морбидитети.“
„Она што се случува е луѓето ги гледаат простите бројки и се обидуваат да донесат заклучоци за вакцинацијата, дали таа функционира, несоодветно а понекогаш и своеглаво.
Има толку многу детали а тие понекогаш вадат само одредени бројки што не би требало да се користат.
Тоа што ќе го направиме е да направиме многу повеќе на страната ефикасноста на вакцините и да се обидеме луѓето да разберат колку е ефикасна вакцината.
На пример знаме дека вакцината е 50% ефикасна против заразување, меѓутоа процентот на ефикасност е далеку повисок против хоспитализации и смртни случаи, кои се клучната работа што сакаме да ја спречиме,“ изјавуваат шкотските здравствени власти.