Порнхаб ќе помага во борбата против коронавирусот со „најчистото порно на сите времиња“

Интернет порно престолнината која многу повеќе помогна во истрпување на мерките за израмнување на кривата отколку која било влада или светски лидер, сега има нов проект чија цел е да „останете чисти дури и кога сте валкани“.

Како што целата планета влегуваше во карантин, така Порнхаб реши на сите да им (ни) даде бесплатен пристап до премиум содржината на сајтот, а подоцна изработија и кампања за правилно миење раце.

Новото од нив е кампања „Најчистото порно на сите времиња“, составена од еден комплет видеа кои можат да бидат објавени на Јутјуб, и втор комплет од експлицитна верзија со истите видеа кои можат да бидат погледнати кај нив на сајт.

Видеата се направени на неколку јазици, во зависност од каде е моделот, а главни ликови се некои од најпопуларните модели на сајтот, а советите се движат од соодветна хигиена, социјално дистанцирање до безбеден секс.

„Видеата со упатства знаат да бидат многу досадни, меѓутоа оваа забавна серија покажува дека социјалното дистанцирање сепак може да биде секси,“ изјавил потпретседателот на Порнхаб, Кори Прајс.

 

30 април 2020 - 13:24