Во неодамнешна колумна околу „кризата“ со која се соочуваат етничките Руси, Зјуганов го нападна „капиталистичкиот глобализам“ за она што тој го нарекува обид за „подвргнување на сите национални култури на еден космополитски и, всушност, анти-културолошки стандард“.
„Глобалистите се подготвени да ги искористат најсофистицираните технологии за дигитално поробување: меѓу нив и тајно масовно имплантирање чипови под закрила на задолжителна вакцинација против коронавирусот.
Идеолозите на дигиталниот фашизам имаат сојузници меѓу сопствениците на големи корпорации, директори на банки и високи функционери, вклучително и во нашата држава,“ пишува Зјуганов во својата колумна.
На коментарите на Зјуганов му претходеше скандал во кој режисерот Никита Михалков ја обвини државната телевизија Росиа 24 дека ја цензурирала неговата емисија во која го обвинува Бил Гејтс дека се обидува преку инјекции да ја чипира светската популација за да ја преземе контролата врз нив.
„Петата колона чии претставници се именувани во шоуто сами се издадоа и потврдија: Михалков беше во право,“ напишал Зјуганов.