По зборовите на научниците средството дало „ветувачки знаци“ за ограничување на пренесувањето на вирусот.
Студијата која допрва треба да биде рецензирана, открива дека средството за плакнење уста (тие го користеле брендот Дентил) помага во намалување на количината вируси што ја имаат заболените со ковид-19. Во исто време во Универзитетската болница во Велс во Кардиф, започнува клиничко испитување со пациенти за тоа дали средството за плакнење може да ја намали количината на коронавирус во плунката на пациентот.
Самите научници нагласуваат дека иако исходот од студијата е многу „охрабрувачки и позитивен чекор, очигледно се неопходни уште многу клинички тестирања“.
„Мора да дознаеме дали ефектот што средството за плакнење уста го има врз ковид-19 што го постигнавме во лабораторија, може да биде реплициран врз пациенти, и се надеваме дека тестовите ќе бидат завршени на почетокот од 2021,“ изјавил раководителот на истражувањето професорот Дејвид Томас од Универзитетот во Кардиф.