Не е познато дали истото важи за Фајзер или Модерна вакцините, ама во случајот со Спутник препораката е да се престане со пиење алкохол 2 недели пред вакцинирањето, и потоа уште 42 дена по првата вакцина. (Се примаат 2 вакцини на временска дистанца од 21 ден.)
„Ова е напор за телото. Ако сакате да останете здрави и да имате силен имунитетен одговор, немој да пиете алкохол, порачува Ана Попова од Роспотребнадзор.
Откако ќе го совладате ова со пиењето, Попова има уште една препорака - да не се пуши пред и по вакцинирањето, затоа што чадот од цигари ги надразнува белите дробови и ѝ пречи на имунолошката реакција.
Сфаќајќи како ова им звучи на неговите сограѓани, првиот човек на Гамалеја центарот, кој ја разви Спутник вакцината, Александер Гинтсбург, се обиде да ги ублажи препораките, изјавувајќи дека иако алкохолот е штетен, „една чаша шампањ на никого не му наштетила“.
Викендов во Москва започна вакцинирање на волонтери што се со висок ризик од заразување од ковид-19. Процената е дека до сега околу 100.000 Руси ја имаат примено вакцината, вклучувајќи ги и оние што учествуваа во испитувањето.