Целта е овие луѓе да ги издаваат лицата од својот најблизок круг: семејство и соседи; а таргет група за ангажирање ќе бидат невработените, посебно оние кои во скоро време побарале помош од државата.
Официјалната титула ќе им биде „граѓански асистенти“, а описот на работното место им е пријавување на неносење маски и други форми на прекршување на социјалното дистанцирање.
Асистентите нема да бидат опремени со униформи или беџови за да не се двојат од остатокот од популацијата.
Пред воведувањето на официјалните помошници, на пример Рим имаше пуштено во оптек веб-страна на која Италијанците можат да пријават некој свој сосед или близок што ги прекршува правилата за дистанцирање.
Освен задоволството да го накодошиш ближниот свој, асистентите ќе добијат и плата за својот труд. Очекуваниот ангажман по кодош е околу 16 часа неделно.