Властите на Викторија претходно ставија под клуч неколку населби од Мелбурн, а во понеделникот најавија дека границата меѓу Викторија и Нов Јужен Велс, најнаселените држави во Австралија, ќе бидат затворени, со што Викторија се отсекува од остатокот на земјата.
„Вирусот го третираме како да е пожар на јавното здравје. Со тоа што ќе го оградиме Мелбурн, во основа правиме периметар за да се заштитат останатите жители на Викторија.
Јасно е дека сме на прагот на втор бран и не можеме да дозволиме вирусот да навлезе во нашите заедници,“ изјави премиерот на Викторија, Даниел Ендрус.
Со новите мерки, кафулињата и рестораните на кои им беше дозволено да отворат сега ќе се вратат само на испорака. Фризери, шминкери и нокти ќе бидат затворени, а исто и сите културни и забавни настани и објекти.
Летниот распуст се продолжува за една недела, но повозрасните ученици се враќаат на училиште во понеделник.
Викторија со 6,4 милиони народ до сега имаше 2.800 заразени од коронавирус и само 22 починати. Македонија со (да речеме) 2 милиони жители до вчерашен датум имаше 7.240 заболени и 351 починат.