Пред неколку дена дисциплинците од англиската фудбалска асоцијација (ФА) без компромис го казнија репрезентативецот Деле Али за неговата невкусна шега од февруари годинава, кога на својот Снепчат објавил видео на кое додека чека на аеродром, носи маска, зумира непознат Азиец и во следниот момент зумира средство за дезинфекција како алузија на коронавирусот.
Деле Али поради оваа глупава шега со расистички примеси е казнет 50.000 фунти, натпревар неиграње (против Манчестер на 19-ти во петок) и задолжителна посета на едукативен курс.
Во меѓувреме сите англиски тимови добија дозвола од Премиер лигата на своите дресови наместо презимињата да носат натписи BlackLiveMatters во знак на солидарност со борбата против расизам и полициско насилство во Америка.
На испрашувањето Деле Али рекол дека многу брзо сфатил дека видеото може да предизвика гнев и реакции па го избришал пред да полета.
Рекол и дека наводно некој другар „го предал“ со тоа што го продал видеото од неговиот приватен акаунт на медиумите.
„Во одговор на одлуката на ФА, сакам уште еднаш да се извинам за навредите кои ги предизвикав со моето однесување. Ова беше екстремно глупава шега за вирусот којшто сега не удри нас многу повеќе отколку што можевме да замислиме“, рекол Али.
На денешната прес-конференција, Жозе Мурињо на прашањето како ќе игра без Деле Али кој е казнет во свој стил одговара:
Reporter: How will you cope without Dele tomorrow night? 🤔
— Hayters TV (@HaytersTV) June 18, 2020
Jose: I’m not going to tell you 🤐
Welcome back, Jose 😂 pic.twitter.com/xwx6Ezh9qr
ЖИВОТОТ НА ДЕЛЕ АЛИ Е СЕМЕЈНА ДРАМА - ОД 13 ГОДИНИ ЖИВЕЕ ВО ДРУГА ФАМИЛИЈА