Билансот од ковид и вакцините кај германските деца

На барање на АФД министерството за здравство на Долна Саксонија објави како пандемијата, мерките против истата и вакцините влијаеа на тамошните деца.

Во сојузната држава барем една доза вакцина против ковид имаат примено 505.569 деца и тинејџери на возраст од 5 до 18 години. Од нив околу 9.300, или 1,6%, имале непосакувани нус-ппојави кои биле медицински третирани.

Во исто време во Долна Саксонија имало вкупно 620.213 деца и тинејџери на возраст од 5 до 18 години што до сега биле заразени со коронавирусот. Од нив 305, или 0,04 проценти, морале да бидат хоспитализирани, вклучително и двајца кои биле ставени на апарати за дишење.

Иницијативата на АФД за објавување на овие статистики е во корист на нивното барање за воведување на забрана за мРНА вакцините, технологија што се користи во анти-ковид вакцините на Фајзер и Модерна.

Освен овој директен судир на потребата и опасноста од вакцина наспроти природниот имунитет кај младите, извештајот ги покажува и резултатите од изолацијата на младите и прекинувањето на контакт со околината.

Според министерството за здравство значително е зголемен бројот на деца што треба да биде третиран од депресија. Па ако пред пандемијата бројките се движат меѓу 4.900 и 5.500 случаи, во првиот квартал на 2023 тоа се 8.700 случаи. Додека бројот на деца со пореметување во исхраната пораснал од 2.100 случаи во 2018, на сега речиси 3.000.

27 јули 2023 - 14:27