Додека Европската народна партија договара рочиште на кое ќе одлучува дали Орбан ќе биде протеран од партијата (која инаку е најголемиот блок во Европскиот парламент), Макрон се подлабоко зацапува во врската со унгарскиот лидер, кого го доживува за главен партнер во своите планови околу ЕУ.
„Орбан и Макрон доаѓаат од многу различни места но и двајцата сакаат да го нарушат постојното статус-кво. Веќе се зборува за воспоставување на Орбан-Макрон оска во Европа,“ објаснува Данил Хеџедус од германскиот Маршалов фонд во Берлин.
За сите што се сомневаа, демонстрација на ваквата неприродна коалиција имаше во октомври кога Орбан во Елисејската палата беше пречекан со почесна гарда, а состанокот што требаше да трае еден час, на крај траеше повеќе од 2 часа.
А не дека истите тие немаа причина да се сомневаат. Само две години претходно, кога уште се бореше да заседне во фотеља, Макрон ги прозва популистите како Орбан дека ја користат Унијата како тезга, од која ги земаат фондовите а ги оставаат ветувањата. Подоцна за време на својата турнеја низ Источна Европа, Макрон ја заобиколува Унгарија, а нареди и отповикување на францускиот амбасадор во земјата затоа што политиките на Орбан ги нарече „модел“ за Европа.
Кога Орбан не многу потресен од забелешките на Макрон (и компанија) во 2018 ги посети Италија и Салвини, реакцијата на Макрон беше „ако ме мислат дека сум им главен непријател, тогаш во право се.“
Вака прогресивниот Макрон летово го посети Европскиот парламент во време кога имаше туркање на рака околу следниот претседател на Европската комисија. Таму тој беше пречекан од предлогот на Европската народна партија за следен претседател на Европската комисија. Предлог што не му беше по мерак. На иста линија беше и Орбан, кој како и Макрон стои на позицијата дека првиот човек на Европската комисија треба да биде избран од националните лидери.
По ова излезе дека двајцата имаат прилично компатибилни ставови и околу големите прашања од типот како да се менаџираат односите со Русија, Кина и САД, или кај треба организациски да тера Унијата.
Дел од толкувањата се дека пријателството меѓу двајцата ја покажува промената на тактиката, и дека Макрон се откажува од „нас против нив“ пристапот што Меркел и Туск го имаа против „силите на темнината“.