Трошоците на Елисејската палата, кои ги вклучуваат и дипломатските и претседателски должности на Макрон, како и администрација, персонал, обезбедување и менаџирање на недвижностите, во 2023 достигнале 125 милиони евра, што е 8,3 милиони евра над дозволениот буџет.
Меѓу најголемите расходи се две луксузни државни вечери, едната со индискиот премиер, Нарендра Моди, другата со британскиот крал Чарлс Трети.
Чарлс беше во Версај минатиот септември, а на гозбата имаше најмалку 160 гости, меѓу кои и ѕвезди како Мик Џегер и Хју Грант. За вечерата на која бил служен син јастог и розе макарунс, француското претседателство платило 475.000 евра, од овие пари околу 40.000 евра биле потрошени на вино и останати пијалаци.
Кабинетот на Макрон во одредени ситуации покажал и дека може да штеди, па кога организирал коктели за помалку од 100 луѓе, тие биле покриени директно од кујната на Елисејската палата.
Еден од поголемите непотребни расходи кои се должат на лошо планирање дошле од откажувањето на 12 патувања за кои нема повраток на парите и кои вкупно чинеле над 830.000 евра. Најголем удел во ова има откажаното патување во Германија во јули 2023, кое чинело речиси 500.000 евра.
Запрашани околу трошоците, од Елисејската палата во основа одговориле „тоа е, многу работиме.“