Франција и Германија алармираат на „нефер конкуренцијата што им доаѓа од САД“ и се заканија дека и Европа знае да удри по американските интереси.
За двајцата лидери проблематични се плановите на САД да пушти државни субвенции за американските бизниси, бидејќи тоа би го изопачило пазарот со цел да се убедат компаниите своето производство да го префрлат во САД.
„И двајцата лидери се согласија дека ЕУ не може да остане нема доколку Вашингтон го спроведе Законот за намалување на инфлацијата, кој им нуди даночни олеснувања и енергетски бенефиции на компаниите што ќе инвестираат на американско тло,“ пишува Политико, според кого главната болка е стимулирањето на купување американски зелени возила.
Заканата од ЕУ е дека и тие ќе преземат слични мерки ако САД го оствари планираното, и ќе почнат да субвенционираат европски производители.
Американските програми се случуваат во време кога на пример еден од најголемите хемиски производители во Европа, БАСФ, објави дека драстично ја обемот на работа и бројот на вработени во Германија.
Пред да ја прават „големата“, Шолц и Макрон најавија многу ЕУ решение кое подразбира проблемот прво да проба да го реши новата заедничка „ЕУ-САД работна група за Законот за намалување на инфлацијата“. Плус, министрите за трговија на ЕУ, во Прага, ќе се сретнат со американската пратеничка за трговија, Кетрин Таи.