Тој ги обвини најголемите движења на двете страни дека се залагаат за политики кои предизвикуваат тензии меѓу заедниците во земјата.
Според него крајната десница проблемите со безбедноста во Франција ги сведува на религијата и потеклото на луѓето и затоа „ги турка луѓето кон граѓанска војна.“
Тие од другата страна пак „поттикнуваат облик на поделба за изборни цели,“ и исто така ги сведуваат луѓето на нивната религиозна и етничка група. Тука Макрон зборува за позицијата на крајната левица да привлече што е можно повеќе муслимани гласачи преку постојано критикување на израелската операција во Газа.
Макрон свика вонредни избори на почетокот од јуни откако неговата коалиција беше целосно поразена од крајната десница на изборите за европскиот парламент.
Последните анкети покажуваат дека крајната десница на Марин Ле Пен ќе освои 35% од гласовите во првиот круг од изборите закажани за во недела, левичарската коалиција би требала да собере 27%, а центарот на Макрон 19%.