Таг: емануел макрон

Макрон не конта што е проблемот

Тажната вистина е дека и напредните и неолибералите никако да сфатат што се случува, и тоа изгледа како да е најточно во Франција, пишува во колумната за Блумберг професорот по економија на Џорџ Масон универзитетот, Тајлер Ковен.

Подемот и падот на европската револуција на Макрон

Кога Емануел Макрон со огромна разлика е избран за претседател на Франција во 2017, многумина во Европа чувствуваат доаѓање на нова зора. По години минати во кризи, Европа сега има лидер кој ќе може да ја извади од проблеми и превирања.

Макрон „претседателот на богатите“

Во зачетокот на хистерија околу апокалипсата наречена Трамп, изборот на Макрон за претседател на Франција беше доживеано како зрак надеж за спас на планетава. И од таму сè тргна во минус за Макрон.

Малку пристојност никогаш не шкоди

Останувајќи на својот (здрав) став содржински да не коментираат твитови на Трамп француската влада по повод последната тирада на американскиот претседател, само порача дека Трамп нема „основна пристојност“.

Советот на Макрон доби среден прст

Момчето кое доби шанса да се слика со Макрон и ја искористи за да покаже среден прст, подеднакво го искористи и советот од Макрон да го смени својот начин на живот (да не биде криминалец) и е уапсен заради поседување дрога.

Париз во есен: вино, романтика, солзавец и скршени глави

Околу 160.000 луѓе излегоа на демонстрации низ Франција на повик на тамошните синдикати против реформите што Макрон се обидува да ги воведе во социјалната заштита и правата на работниците.

Емануел Макрон на пат да стане Трамповиот Тони Блер

По подолго време убедувања од неговите најблиски соработници и советници, беше потребна интервенција од Емануел Макрон за Трамп да одлучи да не ги повлече двете илјади американски војници во Сирија, и да не се опушти со ширење слобода и правда од воздух.

Само проектилите испукани на Сирија чинат речиси 200 милиони долари

Целта на нападот беше „уништување на хемиското оружје на Сирија“, имаше три потенцијални мети: научно-истражувачки центар во Дамаск и два склада за хемиско оружје во и околу Хомс, а беше изведен од правдољубивото трио САД, Британија и Франција.

Зошто 35% од Французите не знаат како им се вика премиерот?

Човекот беше назначен на позицијата во мај 2017. Во анкета направена седум месеци подоцна повеќе од една третина од населението не знае да го именува својот премиер. Прашањето што Економист го вади од ваквите резултати е: тогаш што ќе ти е премиер?

Можат ли лажните вести да бидат забранети со закон?

Новогодишно, обраќајќи се од Елисејската палата, Макрон го најави своето решение за сузбивање на лажните вести во форма на закон кој треба да биде воведен до крајот на годината. За волја на вистината Французите имаат закон против ширење злонамерни информации уште од 1881.

Борбата против „лажните вести“ како нова форма на пропагандна војна

ЕУ најави здружено решавање на проблемот со „лажните информации кои се шират со загрижувачка брзина“. Ова доаѓа по сличните одлуки на Франција и Германија, кои најавија решенија со кои се забранува говор на омраза или лажни вести. Работата е што говор на омраза и лажни вести и пред сета оваа галама беа нелегални.

Работничките реформи на Макрон стигнаа до улица

Успешно играјќи на подемот на крајната десница и резултати како брегзит и Трамп, Макрон низ целата претседателска трка против Ле Пен прилично добро успеа да ги камуфлира своите намери и планови за намалување на работничките права во Франција. Како што обично бива со нова власт, уште во првите денови од доаѓање на функција тој неповикано се фати да ги решава темите што никој не побара од него да ги решава.

Макрон е понепопуларен во Франција отколку Трамп во САД

Победата на Макрон на француските претседателски избори беше дочекана како пресвртницата што ќе доведе до големото враќање на левицата и доказ дека политиката од лева ориентација и понатаму може да победува на гласачките кутии. По само 100 дена од неговото владеење, ова звучи како присетување на некои дамнешни златни времиња.

Макрон за 3 месеци спискал еден Голф на шминки

Францускиот претседател во рок од 3 месеци има потрошено 26.000 евра на шминка, што во просек му доаѓа дека Макрон три месеци секој божји ден давал по 280 евра за пудри, коректори, руж и сличен арсенал.

На Меркел ѝ е преку Трамп (и брегзит)

Жената што како светски лидер е препознатива по својата смиреност изгледа како да ги потрошила и последните резерви разбирање за „одметнатите“.

Франција и заљубеноста во просветлениот деспот

Макронизмот е производ на еден изразито француски идеал: просветлениот деспот. Од Наполеон Бонапарта до Шарл де Гол, ние имаме навика да бараме спасители, што ја објаснува нашата сегашна заљубеност со новоизбраниот претседател Емануел Макрон, пишува Гај Сорман во Ле Монд.

Макрон состави изборна листа од кастинг за пратеници

Соработниците на францускиот претседател организираа аудиција за пратеници на која се пријавиле околу 19.000 мажи и жени. Специјална комисија од партијата разговарала со 1.700 од нив, за на крај да изберат нешто повеќе од 520 кандидати, раководејќи се од принципот - кој ќе успее да ја убеди комисијата, ќе собере и гласачи.

Лидерите на 4-те најмоќни економии во Европа имаат вкупно 0 деца

Меркел, Меј, Макрон и Џентилони немаат свои биолошки деца, забележува американски Вик, дополнувајќи дека ако ништо друго ова значи дека не може да се случи да го сместат своето потомство на политички позиции.

Честито Претседателе Макрон, сега сме против тебе

Пред вториот круг на француските претседателски избори, Дием 25 (пан-европското движење на демократи, претежно од левицата, кое јас помогнав да се основа) му вети на Емануел Макрон дека „комплетно ќе се мобилизира за да му помогне“ да ја порази Марин Ле Пен, тоа и го направивме, пишува Јанис Варуфакис во својата колумна.

Жената зад претседателот, Брижит Макрон

На 4-ти мај во интервју за Пари мач, Емануел Макрон зборувајќи за сопругата Брижит порачува "во секој случај има нешто во претседателската функција што го вклучува парот, и го прифаќам тоа и мислам дека и таа го прифаќа".

Валканата тајна на победата на Макрон

Кога Коми на недела пред изборите објави писмо дека повторно ја отвора истрагата околу мејловите на Хилари, во рок од една седмица Њујорк тајмс, Лос Анџелес тајмс, УСА тудеј, Вол стрит журнал и Вашингтон пост објавија 100 стории околу мејловите. Наспроти ова, во предвечерието на претседателските избори во Франција, француските медиуми одлучија да не го покриваат објавувањето на протечените мејлови на Макрон.

Проблемот е што на популистите не им треба да победат за да имаат влијание

Според официјалната математика, во првиот круг од француските претседателски избори, Макрон освои 24% од гласовите, а Ле Пен 21%. Според една друга математика, во првиот круг кандидатите што не беа од центарот (Ле Пен, Филон, Меленшон) освоија 61% од гласовите, а централно-левиот кандидат (Макрон) освои 24%.