Иако Британците и Французите не се штедеа на реторика во својот праведнички бес, сепак на терен неспоредливо доминантен дел од цехот беше покриен од американската војската.
Американците во нападот (повторно, извршен на три локации) употребија 118 Томахавк ракети, кои по цена од 1,4 милиони долари од ракета, вкупно ги чинеа американките даночни обврзници 165,2 милиони долари.
На второ место се Французите, кои на сириско тло испукаа 12 проектили, со вкупна вредност од 17 милиони долари, а трети и најевтино минаа Британците со 8 проектили со вкупна цена од 9 милиони долари.
Во цената за воспитување на Башар ал-Асад не е вклучен трошокот за користење и управување со воените бродови, авиони и персонал потребни за спроведување на мисијата.
Си-ен-ен пренесува две изјави околу успешноста на нападот. Според американската страна ниту една ракета или авион, не биле пресретнати. Според руската страна, сириската воздушна одбрана пресретнала 71 проектил.