Околу половина од кандидатите што ја минале партиската комисија немаат никакво искуство во политиката, а околу половина се жени. Слабата страна на овој пристап е што Макрон нема да може да прибере гласови на име на слава и препознатливост на своите кандидати.
Ама во корист му оди што кандидатите најчесто имаат длабоки корени во своите изборни единици и се на сред работна кариера, па имаат добри изгледи да ги победат етаблираните професионални политичар кои во добар дел се омразени меѓу француските гласачи.
Како што објавува виенски Хојте, кандидатите во средината на мај во Париз имале забрзан курс по тактика и изборна кампања, каде учат како да привлечат бирачи, да организираат кампања и да ги избегнат локалните новинари. Пред изборите, на кандидатите за парламентарци секое утро на меил им пристигнува "мал потсетник" со темите што ги интересираат гласачите и состаноците во текот на денот.
Партијата на Макрон победи во првиот круг од парламентарните избори, а по вториот круг најверојатно ќе има апсолутно мнозинство во Парламентот.