Работничките реформи на Макрон стигнаа до улица

Успешно играјќи на подемот на крајната десница и резултати како брегзит и Трамп, Макрон низ целата претседателска трка против Ле Пен прилично добро успеа да ги камуфлира своите намери и планови за намалување на работничките права во Франција. Како што обично бива со нова власт, уште во првите денови од доаѓање на функција тој неповикано се фати да ги решава темите што никој не побара од него да ги решава.

Како што почна да се тркала целата процедура околу законот на новиот француски претседател, така на улиците на Париз и низ Франција почнаа да се собираат противниците на истиот.

Еден од најголемите синдикати во земјата, Генералната конфедерација на трудот, повика на штрајк а ним им се придружија и студенти и работници. Ова се првите протести против предложените реформи на новата власт.

Демонстрациите како една од омилените воншколски активности на париската (и општо француската) јавност почнаа околу 14 часот на плоштадот на Бастилја, и тоа мирољубиво и со пешачење. По некое време дел од пешадинците почна да фрла со камења и димни бомби, и да ја напаѓа полицијата. Овие што по службена должност беа на улица возвратија со солзавец и водени топови.

 

 

 

 

[https://twitter.com/enough14/status/907682837561835522]

 

13 септември 2017 - 11:41