Бројката е од тамошниот МВР, а според организаторите таа изнесува 300.000 од кои 50.000 се само во Париз.
„Ние не се жалиме, ние се бунтуваме“ порачуваат студентите, работниците и пензионерите кои учествуваат на првите демонстрации по летните одмори.
Главното барање е да се одржи постојниот социјален модел, кој пак Макрон е намерачен да го собори дури и по цена на константно намалување на сопствениот рејтинг. Моменталната позиција на властите е дека „намалувањето на социјалните исплати од буџетот позитивно ќе влијае на куповната моќ.“
На првиот ден од протестите пријавено е дека потешко се повредени по еден полицаец и еден демонстрант, а уште најмалку 16 демонстранти се уапсени.