Трамп деновиве, на погон од недоразбирање и мешање работи, збесна што Макрон (а за некој ден и Меркел) почна се повеќе да зборува за Европска армија, па му се истури на франуцскиот претседател зафаќајќи теми од Прва светска војна, до тоа дека Европа се шлепа во НАТО на сметка на САД.
Гневот на француската влада е што Трамп како ден за своето мрчење, повторно од крајна незапознаеност и незаинтересираност, го избира 13-ти ноември, годишнината од терористичките напади во Париз.
„Ние го одбележуваме убиството на 130 наши сограѓани што се случи пред три години во Париз и Сен Дени, па ќе ви одговорам на англиски: ’Основна пристојност’ ќе беше на соодветна,“ порача портпаролот на француската влада, Бенџамин Гриво.
Коментарот на Макрон околу сето она што го твиташе Трамп е „јас не терам политика ниту дипломатија по твитови“.