А где је НАТО?

Додека во нашиот галоп кон НАТО не остана дно што не го допревме (се молат надлежните ова да не го сфатат како предизвик), прво Макрон, па сега и Меркел откриваат сепаратистичка наклоност и се амбициираат околу формирање на сопствена европска армија.

Во говорот пред Европскиот парламент во Стразбур, германската канцеларка застана зад идејата за преминување на следното ниво на воена заштита на Унијата, формирање европска армија. Европската армија Меркел ја замислува како надополнување на НАТО, без притоа да даде какви било детали како тоа ќе изгледа и како ќе функционира во пракса, ниту пак кога ќе почне.

Пораката на Меркел е дел од пакет мерки за кои ЕУ е потребно повеќе да се стегне и опфаќаат миграција, климатски промени и борба со тероризмот.

„Времето кога можевме да се потпреме на други е минато...

... Ние мора да се свртиме кон визијата дека еден ден ќе создадеме стварна, вистинска Европска армија,“ порача Меркел.

Кога Макрон пред некој ден се отвори на темата и во основа го кажа истото што го кажа и Меркел, Трамп со целата своја бесчувствителност и незнаење околу дипломатија и историја, многу прецизно удена на Твитер дека и во Првата и во Втората светска војна заканата не дошла од САД, Кина или Русија, туку од Германија, надополнувајќи дека во Париз почнале да учат германски пред да дојдат американските војници.

Трамп, намерно или не, помеша две различни изјави на Макрон, една во кој се порачува дека ЕУ треба да се брани од сајбер-напади од САД, Кина и Русија, и друга дека на ЕУ и треба сопствена армија.

Неколку дена пред ова, на слетувањето во Париз, Трамп порача дека е навредливо тоа што Макрон бара формирање на Европска армија, потсетувајќи го францускиот претседател, дека Европа прво треба да почне да плаќа сразмерен дел од НАТО, кое на големо е субвенционирано од САД.


Карикатура на тема „Европска армија“:

14 ноември 2018 - 11:24