Човекот, инаку поранешен затвореник, минатиот викенд е уапсен на островот Свети Мартин заради поседување дрога и давање отпор при апсење. Макрон се фотографираше со локалецот Раул Флеминг за време на посетата на Свети Мартин, на годишнина од ураганот кој го зафати карипскиот остров.
Во краткиот муабет полуголиот Раул му признава на Макрон дека порано бил крадец и дека неодамна е пуштен на слобода, на што Макрон мудро порачува дека тоа што го правел не било убаво, притоа давајќи му животен совет во која е содржана целата корективна мудрост на светот „треба да се промениш“.
Подоцна француските медиуми копаат малку подлабоко и откриваат дека Раул всушност е поврзан со вооружени банди кои од соседна Гвајана го контролираат пазарот за кокаин.
За целата средба и за Раул се дозна само затоа што сега уапсениот реши на сликата со Макрон да покаже среден прст.