Иако поразена со огромна разлика, Ле Пен во вториот круг освои 34% од гласовите, што пак е сериозно голема бројка ако се има предвид дека таа како крајно десничарски кандидат ги освои овие 34% во една од најетаблираните демократии во светот (ова истовремено е и најдобар резултат на партијата на сите времиња).
Резултатот на Ле Пен е сериозен и ако се има предвид дека таа професионален политичар и ја нема класичната "аутсајдерска аура" на популистичките кандидати (како Трамп). Плус нејзиниот рејтинг страда сериозно заради поврзаноста со Националниот фронт, кој има долга историја на анти-семитизам, фашизам и "слабост кон соработката на Виши за време на Втората светска војна".
"Резултатот од француските избори е многу веројатно да ја претставуваат новата нормала: популисти-националисти се втората по големина партија на претседателски или парламентарни избори, наместо да се едвај трети или четврти. Ова до сега е резултат во трите најдетално следени избори во Европа од почетокот на минатиот декември: Австрија, Холандија и сега Франција.
Меѓутоа на популизмот не му е потребно директно да победи за да ја оформува западната демократија. Тој се уште може да се движи во ниски двоцифрени бројки, се додека може да влијае, или да ја освои, пошироката десница. Макс Фишер и Аманда Тауб во Њујорк Тајмс пишуваат дека 'како што покажува брегзит, популистичкиот бран може многу работи на направи со само 13%,' зборувајќи за бројот на гласови што УКИП го освои на претходните избори," пишува Шади Хамид во Атлантик.
Тоа што изборните системи во Европа се направени природно да ја издишат моќта на сите поголеми политички движења, во моментот кога тие ќе стигнат до 50% од гласачите (како што завршуваат марксистичките и социјалистичките партии од почетокот на минатиот век), многу е веројатно дека нема да делува кај популистичката десница.
"Популизмот на крајната десница (или на крајната левица) е нешто сосема поинакво. Тој е идеолошки без да понуди идеологија, барем не некоја разбирлива. Тоа е збир на чувства, фрустрации, и мислења. Тоа е валоризација на 'луѓето', а луѓето кои и да се ќе останат. Социјализмот, како идеологија е поверојатно да не успее ако не успее социјалистичката програма, меѓутоа популизмот може да привлекува поразнолика група на симпатизери и од левицата и од десницата, токму заради немањето дефинирана програма.
За да им се спротивстават на популистите, без разлика дали е Макрон во Франција или Демократите во САД, и дали веќе имаат победено или наскоро ќе победат, прашањето е што потоа? Низ западните демократии, технократскиот либерализам на централно-левите страдаше од серија порази, додека партиите на естаблишментот драматично колабираа. Либералниот консензус - почна повеќе да се бори за зачувување на статус-кво преку некакви маргинални потези отколку артикулирање на нова визија - просто повеќе не се обраќа на растечки 'нерациоанлниот' тенор на модерната политика во старите и новите демократии. И овој наводен нерационализам, на непризнавање на она што може да е интерес на другите, е начинот на кој многумина од нас, и наспроти нашите најголеми напори, се чувствуваме," пишува Хамид.