Таг: популизам

Дали навистина популистичкиот речник е поедноставен?

По повеќе години градење стереотип за Трамп како некој кој користи јазик „разбирлив за четвртоодделенец“, нови истражувања покажуваат дека тој и не е баш прост во споредба со неговите опоненти.

Популистот Макрон

Емануел Макрон не е среќен човек. Популарноста на францускиот претседател е толку ниско падната што неговиот американски колега, Доналд Трамп, во споредба со него изгледа како рок ѕвезда.

Баварија: убава, богата и испиздена

Баварија става крстови на државните згради а полицијата почна да патролира долж границата на „Европа без граници“. Ако на крајните десничари им оди волку добро во услови забревтана економија, што ли ќе се случи со нивната популарност ако економија почне да стагнира?

Што е постаро, популистот или проблемите?

Тоа што по изборот на Ердоган ќе се истуриш од навреди за турскиот електорат нема да го донесе посакуваниот ефект. Вината е кај демократските институции, пишува колумнистот на Гардијан, Сајмон Џенкинс.

Да, Америка, постои класна борба и штотуку изгубивте

Ваква порака на своите сограѓани им упати еден американски професор за кого е несфатливо што Американците не ни веруваат во класна борба. Ама затоа лесно веруваат во политички приказни дека ќар од некој потег виделе токму тие и нивната класа.  

Како западниот капитал ја колонизираше Источна Европа

Не е тешко да бидеш популист во Источна Европа (како што може да се види од Полска, Унгарија и Словачка), проблемот е национализмот стварно да ти држи наспроти западниот капитал во твојата земја.

Како популистите победуваат кога ќе изгубат

Се до мартовските избори во Холандија популистичкиот бран, или како што Фараж го нарече "цунами", изгледаше незапирлив. Сега, бранот одеднаш се повлече: по големата победа на Макрон на француските претседателски и парламентарни избори, ние наводно живееме во "пост-популистички момент", пишува професорот по политика на Принстон Универзитетот, Јан Вернер Милер.

Проблемот е што на популистите не им треба да победат за да имаат влијание

Според официјалната математика, во првиот круг од француските претседателски избори, Макрон освои 24% од гласовите, а Ле Пен 21%. Според една друга математика, во првиот круг кандидатите што не беа од центарот (Ле Пен, Филон, Меленшон) освоија 61% од гласовите, а централно-левиот кандидат (Макрон) освои 24%.

Популизам

"Кога луѓето гласаат како што ние сакаме тогаш е демократија, кога не тогаш е популизам" гласи апдејтот на дефиницијата за популизам од Џонатан Пај, па после продолжува околу изборите во Франција и популизмот и светот и луѓето и...

Популизмот е резултат на глобалниот економски неуспех

Политичкиот револт е неизбежен во свет каде вработените се робови за плата, а шефовите супер богати, пишува Лари Елиот во Гардијан.

Популисти вс. елити

Подемот на популистите предизвика алармантна реакција меѓу таканаречените елити. Најголем дел од нив се обвинуваат самите себе си дека ги заборавиле оние што останале "зад нив", и дека не обратиле внимание на потребите на обичниот човек. Новинарите се обвинуваат себе си дека се премногу политички коректни, премногу наклонети кон глобализацијата и ксенофилијата. Ова, со цела почит, се глупости.

Што е тоа „популизам“?

Јан-Вернер Милер предава политика на Принстон. Во август минатата година објави нова книга во која во предвечерјето на победата на Трамп, и во ерата на подемот на популизмот, се обидува да објасни - што е точно тоа од што истовремено се плашиме, а под чие влијание сепак толку лесно потпаѓаме?