Популисти вс. елити

Подемот на популистите предизвика алармантна реакција меѓу таканаречените елити. Најголем дел од нив се обвинуваат самите себе си дека ги заборавиле оние што останале "зад нив", и дека не обратиле внимание на потребите на обичниот човек. Новинарите се обвинуваат себе си дека се премногу политички коректни, премногу наклонети кон глобализацијата и ксенофилијата. Ова, со цела почит, се глупости.

Размислувањето зад овие глупости е уште пострашно. Прво, премисата е дека елитите се господари на историјата. Ако тие само се однесуваа поинаку, зборуваа поинаку, и пишуваа поинаку, се ќе се случеше многу поразлично. Второ, и ова не е поврзано со нивната прва грешка, ваквото размислување на големо ги потценува способностите и независноста на оние кои ја користат својата омраза кон елитите за политичка добивка.

И последно, ваквиот вид на само-критичност доведува до погрешни проценки. Популистите не ги мразат елитите затоа што направиле нешто или не направиле; ги мразат едноставно затоа што се елити. Ова важи за сите популисти, во сите земји и во сите временски периоди, од сите култури, религии, класи и општествени нивоа.

Политичарот на ЦДУ, Филип Јенингер, во 1988 падна жртва токму на последното недоразбирање, кога како претседател на долниот дом на Парламентот, даде говор околу погромот на Евреите во 1938. Во неговиот говор, тој се обиде да ја објасни подложноста на германската нација на антисемитизмот на нацистичката пропаганда, објаснувајќи: "... а во однос на Евреите, дали тие во минатото не се дрзнаа да земат улога што не им припаѓа нив, или само нацистите така рекле?"

Тој избегна детали околу Евреите кои имале водечки позиции во економијата, политиката, културата и науката во Вајмарската република. Но не беше проблем еврејската ароганција туку нацистичката пропаганда околу неа. Не може да се спореди денешната елита со германските Евреи пред 1933. Во тоа време има прилично многу Евреи со став дека потребно е малку воздржување околу антисемитизмот. Ама не беа во право. Без разлика што тие направија или не направија, тие беа мразени.

Во однос на маневрите и тактиките на елитите, ајде да го споредиме сегашното придвижување кон популизмот со последниот таков случај, оној на младешкиот бунт од 1960-те. Можеа ли елитите од тоа време да го спречат бунтот? Можеше ли издавачката куќа Аксел Спрингер да се одбрани од омразата насочена кон нив, доколку тие беа помалку анти-комунисти, про-САД и про-Израел?

Можеби. Требаше ли Спрингер да ги предаде своите убедувања? Не.

Студентите не направија ништо за да го скршат молкот околу Холокаустот меѓутоа ја направија омразата кон Израел, нова форма на антисемитизмот, социјално прифатлива. Бунтот кој влезе во нашите учебници по историја како "1968" беше движење поведено од екстремно интелигентни и харизматични луѓе, кои, како најголемиот дел популисти, го препознаа неверојатниот потенцијал на гневот и омразата.

Радикалите го обвинија естаблишментот за "репресивна толеранција" бидејќи тој и пристапи на анти-парламентарната опозиција со реформи. Тие ги обвинија елитите кои повикаа државата да се справи со насилната реакција од револтот кон "структурното насилство". Секој обид за соработка и попуштање доведе до уште повеќе радикализација.

Овие околности сега се повторуваат, како што може да се види со Бјорн Хоке, политичар на десничарската Алтернатива за Германија, чија партија ја укорува владата за тоа што била премногу кооперативна.

Естаблишментот кој се обвинува себеси за растот на десничарството и верува дека клучот за избегнување на следните катастрофи лежи кај самите нив, не ја разбира ослободителната моќ на гневот и привлечноста на омразата, посебно на оние што имаат привилегиран и мирен живот.

Омразата и гневот се емоции кои ние научивме да ги контролираме во долгиот процес што се нарекува цивилизација. Ако некој ја отвори Пандорината кутија, во која овие емоции се потиснати, ќе биде невозможно истите емоции повторно да се заробат се додека тие комплетно не го испуштат целиот притисок.

Ова бара постојано балансирање на размислувањето, за тоа да не падне во калта на предрасудите и омразата, и да не потклекне на демоните на бесот.  Ова се нашите "фабрички подесувања" - позиции на кои доаѓаме кога престануваме да размислуваме.

Токму ова размислување против омразата е она што популистите го опишуваат како "лажливи медиуми". Тие на своите следбеници им нудат крајно пријатно издувување, кое ним им дозволува да потклекнат на своите основни инстинкти.

За да го направиме ова, ние треба да се држиме до лекцијата на Јенингер, дека "ние мораме да воспоставиме нова морална традиција."

"Ова значи дека, кон надворешниот свет имаме должност да го пазиме мирот и со тоа активно да го ослободуваме светот. Ова исто така значи и права за Евреите кои егзистираат во обезбедени граници. Ова значи сеопфатна соработка меѓу политичките системи на Истокот и Западот. И значи гарантирање на обврската за осигурување на преживувањето на Третиот свет. Внатре мораме да бидеме отворени и толерантни кон останатите луѓе без разлика на нивната боја, нивното потекло и нивните политички убедувања. Ова значи безусловно почитување на законот. Значи будност кон социјалната правда. Значи бескомпромисна акција против деспотство, против секој напад на човечкото достоинство."

Токму овој морален сензибилитет е она против што се популизмот се бори. И исто како за време на 50-годишнината од погромот во 1988, така и денес мораме да продолжиме да го браниме.

Алан Поснер,
Велт

23 март 2017 - 15:59