Секоја победа на популизмот во Европа без грешка е дочекана со навреди и омаловажување на мнозинството кое го изгласало тоа.
„Еден од сигурните начини да се влоши овој тренд на ширење на популизмот е Западна Европа едноставно да продолжи да дели навреди.
Исто како и во Америка на Доналд Трамп, луѓето не сакаат да им кажуваш дека се идиоти, расисти или залудени нацисти кога гласаа за она што тие го гледаат како интерес и нивен национален идентитет. Тие (Источна Европа) посебно не уживаат кога тоа доаѓа од богати држави кои, како што тие го гледаат тоа, им ги крадат младите луѓе и ги присилуваат на нивно место да примат азиски и африкански бегалци,“ пишува Џенкинс.
Посочувајќи дека недовербата во демократските институции расте и без појава на популистички лидер, Џенкинс наведува неколку анкети во кои само половина од лицата под 30 години сметаат дека демократијата е од клучна важност, или тоа дека речиси една четвртина од американските миленијалци сметаат дека демократијата е лош начин за раководење со држава. Вакво мислење делат и 17% од младите Европејци, додека 40% од испитаниците во Германија, Шпанија, Јапонија и САД претпочитаат „силен лидер кој нема да мора да се малтретира со парламенти или избори.“
„Моментално модерното движење за ’смрт на демократијата’ својот успех го влече од одбивањето на електоратот да гласа за либерална програма. Меѓутоа вината, не лежи кај гласачите туку кај институциите кои не успеваат да одговорат на нивните барања. Ако традиционалните носители на јавната дебата - политички партии, медиуми, академици - немаат слух за нив, тогаш тие ќе се свртат кон лидери кои имаат.
Навредувањето на популизмот од страна на Западот не е решение на проблемот. Тоа нема да ги измени ваквите избори, иако нивната ’мека сила’ би им била на помош на репресираните парламенти и медиуми. Пореалистично е да се даде пример, повторно да се потврди дека кај демократијата не се работи за валидирање на моќта туку за нејзино зауздување,“ порачува Џенкинс.