Во овие 100 дена Макрон успеа да стигне до понизок рејтинг отколку моментално главниот негативец во глобалната политиката, претседателот на САД. Па така додека поддршката на Трамп моментално се движи на околу 38%, Макрон едвај успева да собере 30% поддршка на анкетите.
Во анкетата спроведена од Југов, на барање на Хафингтон и Си-њуз, 54% изјавиле дека се незадоволни од администрацијата, а од незадоволните 28% изјавиле дека се "многу незадоволни". Од задоволните 30%, само 5% од испитаниците одговориле дека "многу задоволни" од новиот претседател.
Во сто дена, ова е вториот месец по ред како паѓа поддршката за францускиот претседател. Минатиот месец изнесуваше 36%, што беше пад од претходната проверка која ја заврши со 43%.
Запрашан за лошиот рејтинг во првите 100 дена, Макрон за француските медиуми изјавува: "Ќе морам да живеам со нетрпението на луѓето во следните неколку месеци".
Од друга страна, речиси општиот консензус за падот на популарноста на Макрон се сведува на две точки: 1. Француските медиуми се повеќе се сложни околу неговата наивност и немање емоционална зрелост "за владеење со студентско тело, а не па со цела нација"; 2. Намерата да ги реформира работничките закони во земјата сериозно го нарушија неговиот рејтинг.