Освен спасител на светот и контра-тежа на Трамп, Макрон требаше да биде следниот бајрактар на Европа кога Меркел ќе реши да си замине. Човек кој требаше ем да дополнително да ја обедини Унијата, ем да го држи Путин на дистанца и под контрола, и слични амбициозни цели (евро, мигранти...).
По година и пол од мандатот, на анкетите Макрон има помала поддршка од гласачите, отколку Трамп во САД.
Плус, заради намерата за дополнително оданочување на горивото деновиве се соочи со протести какви немаат доживеано ниту еден од неговите сегашни колеги, ниту пак неговите претходници на позицијата претседател на Франција во изминатите 50 години.
Без да се навлегува во тоа колку очајно, или не, и требаат структурни реформи на француската економија и закони за труд, сите потези на Макрон во тој правец се доживуваат како негово одработување за богатите, заради што полека почна да му се накалемува прекарот „претседателот на богатите“.
А го имаш и овој тролов: