Фејсбук се пишмани околу методот откако уште во првите денови од тестирањето, на постовите од медиуми како Бибиси, Економист, Њујорк тајмс и Гардијан, првите коментари редовно содржеа „fake news“.
„Очигледно Фејсбук е под огромен притисок да се справи со проблемот на лажни вести, меѓутоа да се доведе во прашање веродостојноста на секој можен пост е апсурдно.
Наместо да се справува со дезинформациите на итнернет, ова ги изедначува работите со заматување на границата меѓу она што е реално и што не е,“ објаснува за Бибиси пи-ар консултантката Џен Робертс.
Објаснувањето на Фејсбук во изјавата на Бибиси е - абе работиме.
Инаку, паралелно со овој тест тие воведоа нова опција за објавување на линкови од други новински извори под постовите за кои читателите веруваат дека се лажни.