Фејсбук неодамна објавија дека ќе прават приоретизирање на линковите кои се споделувани преку нивната платформа при што предност во досегот до читателите ќе добијат оние извори за кои корисниците оцениле дека може да им се верува. Тоа ќе го прават со истражување, т.е. со анкета и тоа со вкупно две прашања кои изгледаат вака:
Дали ги познавате овие вебсајтови?
Да.
Не.
Дали им верувате на овие домеини?
Целосно.
Многу.
До некаде.
Едвај.
Ич.
И тоа е тоа. Фејсбук се горди што оваа префригана анкета ја изработиле сами без помош од аутсорсинг компанија и веруваат дека на овој начин ќе успеат да направат квалитетна разлика меѓу медиумските извори.
„Еве како ќе работи истражувањето“, објасни Марк Цукерберг. „Ќе ги прашаме луѓето дали го познаваат изворот и дали му веруваат. Идејата е дека на некои медиумски организации им веруваат само нивните читатели и следбеници а други уживаат углед во пошироката заедница. Од равенката ги вадиме оние на кои изворот воопшто не им е познат па конечната оценка за нечиј медиумски бонитет ќе зависи од односот на оние кои им веруваат и оние кои не им веруваат. После апдејтот нема да се смени количината на вести што се добива на њусфидот туку само ќе се промени балансот во корист на оние медиуми кои имаат доверба во пошироката заедница“.
Фејсбук го напнаа како главна платформа за ширење лажни вести по последните американски избори и сомневањата во руската инволвираност во креирањето на јавното мислење и конечниот исход на изборите.
А сега Фејсбук ќе ја проверува веродостојноста на вестите токму преку истите оние лица, кои со својата наивност или медиумска неписменост придонесоа за виралниот успех на лажните вести. Генијално.