На конференција во вторникот, ЦЕО-то на Боинг, Денис Миленбург, најави планови за комерцијално патување во вселената со неколку дестинации што орбитираат околу Земјата, и хиперсонични авиони кои ќе ги пренесуваат патниците меѓу два континента за два часа или помалку. Освен ова Боинг планира да биде клучниот играч кој ќе го испрати првиот човек на Марс, а притоа дури и да го претрка Елон Маск.
"Уверен сум дека првата личност која ќе стапне на Марс таму ќе пристигне на ракета од Боинг," изјавил Миленбург на конференцијата за иновации во Чикаго.
Боинг работи на комерцијални вселенски летови во орбитата на Земјата, а намерата е да се развие технологија која ќе добацува и по Месечината. Компанијата веќе соработува со НАСА на развивање на ракета за истражување на подалечната вселена. Боинг и Спејсикс се првите две приватни компании што НАСА ги има ангажирано за превоз на астронаути до Меѓународната вселенска станица.
Минатата недела Маск го претстави леталото на Спејсикс кое е замислено да превезе околу 100 патници до Марс.